Нема опасност од излевање на речните корита

Во градот  нема опасност од излевање на речните корита по врнежите кои што изминатата ноќ ја зафатија територијата на Куманово , потенцираше денеска Живко Наковски од општинскиот штаб за заштита и спасување . Тој на вонредната седница ги информираше советниците  дека општинскиот штаб внимателно ја следи состојбата со врнежите, а се преземаат и превентивни мерки.

Наковски посочи дека во текот на вчерашниот ден градоначалникот зоран дамјановски одржал состанок со директорите на јавните претпријатија водовод и чистота и зеленило и со командирот на територијалната противпожарна единица куманово и било договорено Водовод да ги провери сите шахти на улиците Октомвриска револуција, Доне Божинов, Народна револуција и Никола Тесла.  Противпожарните екипи интервенирале во кампот за мигранти во Табановце за чистење на поплавената септичка јама. Исто така, информираше Наковски, остварен е директен контакт меѓу Дамјановски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и испратена е техничка помош. Паралелно со тоа , директно контактирале и надлежните на Чистота и зеленило со јавното претпијате на град Скопје за да ги усогласат активностите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)