Непречено се одвива жетвата на јачменот

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека непречено се одвива жетвата на јачменот во поширокиот кумановски регион.  Досега според податоците ожнеани се 50 проценти од насеаните површини. Во тек е и жетвата на пченица и засега ожнеани се десет проценти од површините. – Според податоците на земјоделските претпријатија, добиени од терен жетвата во кумановскиот регион се одвива според планираното. Временските услови се добри за спроведување на жетвата, изјави раководителот на подрачната единица, Насер Даути. Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане во тековната година, земјоделците и земјоделските претпријатија насеале 11.370 хектари со пченица и 7.409 хектари со јачмен или вкупно 18.779 хектари. – Просечно според досега обработените податоци од терен, приносот на јачменот се движи од 3.500 до 4.200 килограми по хектар. За пченицата, според овие податоци приносот е од 4.600 до 5.200 килограми по хектар. Во однос на истиот период лани, приближни се приносите, изјави Даути.

Коментари

коментар(и)