Сеуште е непроменета состојбата во населбата „Тоде Мендол“ по дводневната вооружена полициска акција. Ниту денеска не се чистеа разурнатите куќи и улуците кои се преполни со скршени цигли, ќерамиди и стакла од оштетените објекти. Пред куќите беа само оние чии домови се оштетени и сеуште се сместени кај свои роднини и пријатели бидејќи немаат услови нормално да функционираат во своите поранешни живеалишта.
-Кај да се седи, нема каде и вие гледате каква е состојбата, полошо неможе да биде. Инвалиди сме и јас и жената кај да се сместиме?.Јас спијам кај еден другар, а жената кај сестрата, ги мачиме и нив и тие немаат услови – вели ѓраганин на населбата „Тоде Мендол“.
Екипите од ЕВН беа на терен и ги поправаа направените штети на електродистрибутивната мрежа. Членовите на Комисиите за проценка на штетите ги обиколуваа куќите и ги евидентираа материјалните повреди на имотот од вооружената акција.
– Комисии беа гледаа, прашуваа, напишаа, а што ќе биде кој знае. Некои викаат дека штетите ќе се санираат за два месеци, некој за три, а можеби година и повеќе ќе помине, зависи како ќе се организираат. Се гледа, се е изгорено и надежта е изгорена. Никој не е вратен, секоја куќа има нешто, може не се изгорени ама внатре се е искршено и покуќнина нема. Ние сме сместени долу во една куќа, доаѓам да видам и само плачам и пак заминувам – објаснува ѓраганка на населбата „Тоде Мендол“.
Се забележуваше голема френквенција на возила и народ кои се движеа кон населбата „Тоде Мендол“. Љубопитните граѓани ги набљудуваа и фотографираа опожарените куќи. Хумани граѓани, пак носеа пакети со храна и вода за помош на своите сограѓани.