Несекојдневна промоција на романот „Молчи и танцувај“

Кочија во две или во една насока, Со alter ego, Радоста на Денот на Сонцето, Раката што дава не се суши и секогаш е над онаа што прима се само дел од насловите во фрагментарниот роман „Молчи и танцувај“ од Светлана Антиќ –Јовчевска, промовиран вчеравечер во дворот на Театар Куманово. Во пријатна и несекојдневна атмосфера за која беа задолжени актерите Сања Русеска и Никица Јанковски, во придружба на младиот џез музичар Јован Цветковиќ и Мими, љубителите на пишаниот збор имаа можност да слушнат делови од книгата за која промоторот и рецензент Звездан Георгиевски, новинар и писател вели дека може да се нарече и книга за мудроста на живеењето.

Авторката во оваа книга, токму преку крајпатните знаци , всушност се занимава со големите теми на нашите животи. Со еден збор, Светлана Антиќ- Јовчевска ја допира најважната тема на секоја литература и на секоја филозофија- смислата на животот! напиша во рецензијата Георгиевски. Антиќ -Јовчевска е само една од оние кои пишуваат од потреба и од зависност. Таа пишува за да живее. И живее за да пишува, вели Георгиевски, познавајќи ја Цеца од студентските денови.

За невообичаениот наслов на книгата, авторката Антиќ-Јовчевска, пак, вели дека молкот се однесувал на неа, оти од кога памети за себе постојано ја опоменувале да молчи или да замолчи.„ Умеам и да молчам, а најтешко ми е кога ме замолчуваат, цензурираат. Сакам да танцувам, оти и преку танцот, преку движењата се ‘укинува’ молкот“, вели Антиќ-Јовчевска.

– И не е случајно што токму денеска се случува промоцијата затоа што е 21 септември, Света Мала Богородица.  Пред 13 години на овој ден во манастирот во Матејче бев кума затоа што бев во една состојба од која можеби произлегува насловот на книгата да се помолам или да замолам мојот син кој не е тука, Дарио да има успех во неговото школување во Софија.

Сепак, вечерва и поради молкот, како што рече мојот драг другар Звездан, нешто значи во оваа прилика насловот , а и поради танцот Дарио, Марина и Радина заедно со Евгенија која 13 години после Дарио ќе танцува на некоја сцена во Софија во ритамот на надежта за поубава иднина, рече Светлана Антиќ –Јовчевска, автор на романот „Молчи и танцувај“

Таа е долгогодишен новинар, а ова е нејзина четврта книга.

-Во 2001 година, Антиќ-Јовчевска доби специјална годишна награда за професионални известување од завојуваните подрачја од редакцијата „Вечер“, а во 2015 година за долгогодишна работа како новинар и борец за професионално новинарство и напишаните три книги добитник е на највисокото општинско признание „Ноемвриска награда“, рече Никица Јанковски, актер

Навистина реткост и несекојдневно за вакви настани беше што една од присутните, во случајов писателката Душка Гиевска ги сподели своите впечатоци од прочитаната книга пред промоцијата, со останатите гости.

Издавач на книгата е НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

По промоцијата на „Молчи и танцувај“ се бараше книга повеќе потпишана од нашата драга колешка Светлана Антиќ -Јовчевска.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)