Не е откриено лицето кое пријави бомба во „Револушн“

Се уште не е откриено лицето кое лажно пријави дека во ноќниот клуб „Револушн“ има експлозивна направа. Од СВР Куманово велат дека работат на расчистување на случајот, но во интерес на истрагата не смеат да откриваат никакви детали. Тие се надеваат дека наскоро овој случај ќе биде решен и на тој начин ќе се упати порака до сите граѓани дека ваквите дела нема да поминат неказнето. Експертите посочуваат дека сторителите треба што поскоро да се откријат и да бидат казнети, за да не се остави простор за шпекулации и да не стане пракса во градот при секој нареден настап,  некој да си игра со вакви работи.

-Сакаме да видиме кој е мотивот, кој лажно пријавува дали има соодветни лични, посебни мотиви, дали некој му има платено, истрагата треба да дојде до мотивот зошто лицето пријавува. Во тој момент најверојатно голем број од клиентите немаат платено соодветно за тоа што испиле и си заминале. Тоа е мала казна, поголема е самиот психички елемент кој делувал врз уништување на самиот настан. Тука можеме да кажеме е и приватноста на самиот правен субјект кој е оштетен материјално, финансиски но во еден момент и со нарушување на неговиот углед во дел дека тоа може повторно да се случи во овој објект-нагласи Предраг Мицевски, магистер по криминалистика и криминологија.

Полицијата треба да открие и дали правниот субјект во тој момент имал некакви закани. Имено пред десетина дена непознато лице, се јавило во полициската станица и пријавило дека во ноќниот клуб Револушн има поставен експлозивна направа. Стручните лица од Одделот за антитероризам при МВР извршиле увид на местото, и ги евакуирале сите посетители. По увидот тие констатираа дека во објектот нема поставено никаква бомба и дека се работи за лажно пријавување.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)