Никола Ангеловски го фати крстот во Проевце

Дваесетгодишниот Никола Ангеловски од населбата Доброшане е среќниот добитник на светиот крст, кој денеска беше фрлен во водите на реката Кумановка. По осветување на водата, петмина млади скокнаа по крстот. Среќниот добитник посака просперитет и подобра иднина на себе и своите најблиски.

-По трет пат скокам, втор пат го фаќам крстот, повеќе среќа, здравје да имам во животот, во иднина планирам да продолжам па ќе видиме до кога- изјави Никола Ангеловски од Доброшане.

Првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски на среќниот добитник му посака здравје, успех и среќа и му додели пригоден подарок.

Првично беше предвидено исто како и претходните години крстот да се фрли во базенот во Ловачки дом, но поради немање соодветни услови, верниците заминаа во црквата Света Мина, која се наоѓа во населбата Доброшане. Откако беше утврдено дека и таму нема услови за скокање, свештениците од македонската православна црква, одлучија крстот да се фрли од мостот на река Кумановка, во Проевце.

Во Куманово и регионот ритуалот за осветување на водите, по повод празникот Богојавление-Водици, се врши речиси во сите свети храмови. Граѓаните палат свеќи, земаат од осветена вода и се молат за здравје, среќа и успех за своите најблиски.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)