Ниска свест за сообраќајна култура во градот

Непрописно паркирани возила секојдневно создаваат  сообраќаен метеж  во централното подрачје на Куманово. Иако веќе пет години функционира зонското паркирање и има определено  500 паркинг места во зона А, голем број од нив се празни, бидејќи возачите практикуваат со вклучени трепкачи да ги оставаат возилата на тротоарите, коловозните ленти или пак на зелените површини  и на тој начин да го блокираат сообраќајот. Надлежните од јавното претпријатие Куманово паркинг сметаат дека со воведување на зоната Б и Ц планирано за идната година, бројот на паркинг местата ќе зголеми на 2000 , а и сообраќајот подобро ќе биде  регулиран.

-Има несовесни граѓани, меѓутоа поголемиот дел на граѓани на општина Куманово веќе се навикнати на тоа и веќе секоја година се намалува бројот на подигнати возила , моментално во Куманово дневно се подигаат од три до седум возила, изјави Фадиљ Шабани, директор на ЈП„Куманово паркинг“

Граѓаните решението на овој сообраќаен проблем го гледаат во изградба на катна гаража, но и подигање на свеста за сообраќајна култура кај кумановци.

Секако дека дел од „Куманово паркинг“  е и пајак службата која најчесто работи по  пријава од граѓаните, а е  во функција од 1986 година . Надлежните сметаат  дека  со помош на ваквите служби се подигнува јавната свест на возачите и им наложува во иднина да внимаваат каде да ги паркираат своите автомобили.

-Мислам дека е многу стар и затоа мислам дека ќе наидеме на разбирање од општина за да ни помогне да можеме да купиме уште една или две пајак служби за да можеме да профункционираме како што доликува на едно јп , изјави Шабани.

Надлежните  апелираат до граѓаните што помалку да ги користат автомобилите во централното градско подрачје или кога тоа навистина е потребно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи особено во летниот период кога се зголемува протокот на возилата . Во Куманово бројката на регистрирани возила е над 30.000.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)