Нова кујна доби Домот за стари лица

Нова современа кујна доби Домот за стари лица Зафир Сајто. Реконструкцијата ја реализираше самата установа со сопствени средства во вредност од 92.000 евра.

„Реконструкцијата е извршена по четири децении откако е изграден домот во 1978 година. Реновирањето на кујната траеше три месеци и опфати целосна реконструкција и набавка на нови елементи“-изјави, директорот на установата, Дејан Стојановски.

Во  кујната секојдневно се подготвуваат три оброци за 170 корисници, колку што се сместени во кумановскиот дом. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски истакна дека грижата за старите лица во овој дом е на високо ниво.

-Општините со оглед на сегашаното ниво на фискална децентрализација не можат да си приуштат средства за изградба на нови и проширувања на капцитетите, но дека не значи дека не мора да бараат средства за ова намена. Инвестицијата е за почитување, се надевам дека во иднина ќе обезбедиме средства за проширување на капацитетите со оглед на фактот дека постојано има барања за прием на старите во оваа установа-изјави Димитриевски

Од Домот Зафир Сајто нагласија дека во наредниот период освен подобрувањето на инфраструктурните услови, ќе се посветат и на активности  со кои ќе се подобри квалитетот на престојот на старите лица. Од установата планираат да ги вклучат и факултетите и студентите, да ја подобрат соработката со граѓанските организации, кои ќе понудат активности, со што лицата во третото доба ќе уживаат во престојот во домот. Тие планираат да набават и нови машини за перење и сушење, со што значително ќе се подобрат условите за квалитетен престој.

 

 

Коментари

коментар(и)