Нова опрема во Домот за стари лица

Домот за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово пренамени и опреми просторија за физиотерапија, соопштија денеска надлежните од установата.

Корисниците на услугите веќе ја користат опремата под надзор на физиотерапевт и здравствен персонал.

– За оваа просторија и опрематa безбедивме 1,1 милион денари, а наскоро планираме да распишеме тендер и за амбулантата во установата, изјави директорот Дејан Стојановски.

Надлежните соопштија дека за набавената опрема за физиотерапија се обезбедени 575.000 денари.

Установата согласно протоколите врши прием на нови корисници согласно добиените Covid 19 протокол и од јуни 2020 година редовно функционира според препораките. Месечниотизносзапрестој е 11.800денари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)