Нова столарија ќе добијат неколку училишта

Во завршна фаза е замената на столарија во средното економско училиште Перо Наков. Планирано е да се промени столарија во 14 училници, како и да се уреди подот во три училници, информираше раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово, Жика Крстевски. Тој посочи дека оваа реконструкција како и неколку други, се во рамки на двата проекти коишто ги добиле а се обезбедени од Македонскиот центар за граѓанско образование, а поддржани од УСАИД.

 -Се она што значи 90 процнети завршување на целокупната столарија што е позитвино во целата таа инвестиција, 20 илјади евра за целото училиште, од кои 20 проценти од тој износ е делот на Куманово,  се заврши тој дел и во завршна фаза е иста таква донација за 20 илјади евра и наши 20 проценти во Кирил и Методиј во село Романовце, каде што исто така е во завршен дел и тоа училиште комплетно го затвори проблемот на стари прозорци, неефикасно затоплување, енергетската ефикасност беше на најниско ниво и вратите се заменети и тоа училиште се доведе во една нормална состојба кадешто треба да се реализира наставата-истакна Крстевски.

Министерството за образование и наука пак ќе инвестира во основното „Бајрам Шабани“, за што се предвидени еден милион и четиристорини и педесет илјади денари за замена на столаријата на училниците и ходниците, како и набавка на нови прозорци.

Раководителот на Секторот за образование истакна дека во моментов затоплувањето во сите училишта во градот е во најдобар можен ред. Потсети дека на првиот ден од второто полугодие имаше малку проблем со парниот котел во гимназијата Гоце Делчев, како и во училиштето Толи Зордумис.

-Еден дел од парниот котел кој е на гас откажа па алтернативно се оспособи стариот систем на нафта, така што освен првиот ден во сите училишта поради тоа што не беше греано три недели беше постудено сега тој проблем се надмина. Имаше проблем првиот ден и во училиштето Толи Зордумис, работеше парното и се одржуваше температурата се до понеделник наутро кога откажа меѓутоа беше помал дефект и интервенираше сервисот и за еден ден е отстраен и тој проблем. Имавме и во Крсте Мисирков и Браќа  Миладиновци мал проблем со истиот дефект кој се јави во гимназијата-нагласи тој.

Дополни дека веќе се направени нарачки за набавка на нов дел, иако засега се функционира во најдобар ред.

Коментари

коментар(и)