Новиот амбасадор на Романија го посети градот

Новоименуваниот амбасадор на Романија, Виорел Станила денеска ја посети општина Куманово при што се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски. На средбата тие разговараа за функионирањето на локалната самоуправа, децентрализацијата и се она што е интерес на меѓународната заедница.

-На некој начин ова е запознавање првични со функционирање на демократијата на државата, институциите пред се на локалната самоуправа, потоа ќе имаме некои посети на знаменитости ова е нешто многу значајно бидејќи  Куманово е од ретките градови кој има почесен конзул на Романија и затоа токму од првичните посети е во Куманово-нагласи тој.

Амбасадорот на Романија, исткана дека му е чест што се сретна со првиот човек на градот.

-Благодарност до Дамјановски за давањето на максималните напори и придонеси за градот и за билатералната соработка со градовите и со конзулатот и нормално добрите билатерланите реалции кои ги вложува со збраимениоиот град кој е добро пречекан-посочи амбасадорот.

Амбасадорот се сретна и со почесениот конзул во Куманово, Алириза Османи.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)