Нови автобуски постојки во градот

Нови автобуски постојки се поставуваат на булеварите во градот. Граѓаните кои што користат јавен градски превоз нема веќе да стојат на дожд и снег чекајќи да пристигне автобусот.

Градските постојки се поставуваат од страна на лиценцираните превозници кои што во моментов вршат  јавен градски превоз. Се реализира првата фаза од договорот  со општината за поставување на нови и реконструкција на постоечките автобуски постојки во градот. Освен новите постојки, деновиве се заменуваат и клупите во централното градско подрачје.

– Немаме  намера во делот на поставување на ваков тип на урбана опрема да застанеме туку веќе реализиравме и обновување на самите клупи во централното градско подрачје , во фаза сме на распишана постапка за набавка на допонителна комунална опрема и поставување на нови клупи во градското подрачје и нови корпи за отпадоци. Апелирам до сите граѓани да се однесуваме сите крајно одговорно кон нашето заедничко и општествено добро, имот, а истите постојки верувам ќе бидат и те како корисни за нашите граѓани кои што го користат јавниот превоз, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

До крајот на годинава ќе бидат поставени вкупно 24 автобуски постојки.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)