(ВИДЕО) Нови асфалтни површини во Ајдушка чешма и Карпош

Улицата „252“  во населбата Ајдушка чешма денеска доби нова асфалтна површина. Увид во градежните работи за реконструкција на улицата изврши градоначалникот Максим Димитриевски, посочувајќи дека инфраструктурните проекти ќе продолжат и во наредниот период.

-Денеска во рамките на реализација на годишната програма на Општина Куманово сме присутни во населбата Ајдучка чешма, а потоа и во населбата Карпош. Го реализираме проектот за реконструкција, санација и обновување на улица „120“ и улица „252“. Во рамките на тој проект ќе бидат реконструирани постоечките инфраструктури, обновени и поставена нова површина на асфалт на површина од околу 6.000 метри квадратни со вкупна вредност на инвестиции нешто помалку од пет милиони денари, изјави Максим Димитриевски, градоналник на Куманово

Димитриевски потсети дека досега се асфалтирани и голем број локални патишта во кумановските села.

-Верувам дека овој тренд на изградба во Куманово ќе продолжи. Како што сте запознаени досега работевме на голем број на инфаструктурни проекти во рамки на програмата што ја нарековме самите ние во општината „Општината за селата“ и поставивме приближно 47.000 метри квадратни нови асфалтни површини во поголем број на села, изјави Димитриевски.

Градоначалникот Димитриевски најави дека на следната седница на Советот ќе има дополнување на годишниот буџет и годишната програма за работа на општината, а трендот на реконструкција на улиците ќе продолжи и во приградските населби.

„Паралелно со тоа,  ќе се реконструираат и поголем број на улици во централното градско подрачје“, најави Димитриевски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)