Нови градоначалници со повеќе надлежности и пари

Оваа година треба да се одржат локалните избори, па би било фер  новите градоначалници да го започнат својот мандат со веќе дефинирани правила на игра во смисла на надлежностите и средствата со кои што ќе располагаат за нивно извршување – е мислење на министерот за локална самоуправа, Горан Милевски. Тој на консултативниот состанок што го имаше со градоначалниците рече и дека се обезбедени услови за побрз развој на локално ниво во нормативна и стратешка смисла. Ова се поткрепува со фактот што Министерството за локална самоуправа, со поддршка на УНДП и швајцарската Влада, ги подготви новата Стратегија за регионален развој 2021-2031 која што е во Собраниска процедура.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)