Нови графити за поубаво Куманово (ВИДЕО)

Десетмина млади уметници од Куманово, Скопје и Битола вчера беа дел од манифестацијата „Графити Фест“ што се одржа во близина на средното училиште „Перо Наков“ . Ова е трет фестивал кој годинава се одржува со поддршка на општина Куманово преку секторот за култура и спорт, а во соработка со ентузијастите и граѓаните на комплексот згради К4 на булеварот „Октомвриска револуција”. Во овој дел од градот беа засадени и садници од јавното претпријатие  „Чистота и зеленило“.

– Имаме цел да го уредиме и да дадеме една нова слика на овој дел или поточно овој комплекс каде живеат голем број на наши сограѓани, а и да го претвориме во едно место каде што повеќе ќе се движат младите и ќе прават заеднички дружби. Се надевам дека на овој начин дополнително ќе ја разбиеме и онаа монотонија што владее во оваа корона криза, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово

Раководителот на секторот за култура и спорт, Цоки Ристовски вели дека за целокупната манифестација општината издвоила околу 100 илјади денари, а во настанот се вклучени и неколку компании од општината.

Инспирацијата за „Графити фест“ потекнува од поголемите европски градови кои изобилуваат со графити, велат дел од организаторите.

-Сите паркови наликуваат вака како ние денеска што почнавме да реализираме овде, затоа и сакаме овој проект да се оствари, затоа работиме на тоа. Секој уметник има своја слободна уметност, не го ограничуваме за тоа, само да го разубавиме делот од градот. Да оставиме нешто и за наредните генерации“, изјави Младен Трендовски, организатор

„Плановите за во иднина се да го прошират ваквиот настан и во другите делови од градот со што ќе создадат нов и модерен изглед на градот, изјави изјави Горан Стојанов, организатор

Организаторите очекуваат фестивалот да продолжи да се развива идните години со учество на уметници од државата и странство.

Коментари

коментар(и)