Нови инвестиции во Општата болница

Нов објект за физикална терапија, како и простор во кој ќе биде сместен центарот во кој жените ќе имаат можност да извршат ехо на дојка, мамограф, пункција и оперативни интервенции, се новите проекти кои се планирани за оваа година во Општата болница.  Директорот на оваа јавна здравствена установа, Ариф Љатифи информираше дека Центарот за физикална терапија ќе биде сместен во нов простор во кругот на болницата, исто како и центарот за дојка, кој би требало да биде на место на стар објект кој ќе се руши.

-Ние сме задоволни поголем дел од нашите цели се остварени. Се надеваме дека во оваа календарска година, тие стратешки планови кои ги имаме за нашата установа ќе успееме да ги реализираме. Во нашиот град секоја недела откриваме по два до три случаи на карцином на дојка и сакаме на нашите сограѓани да им понудиме поквалитетна и подобра здравствена услуга-истакна тој.

Минатата година хируршкото одделение од подрумските простории беше префрлено во Ургентниот центар, со што според Љатифи значително се подобрени условите за пациентите и лекарите.

-Имавме целосна реконструкција на подрумски простории што се сместени и амбулантите за гинекологија, акушерство, тие се модерни амбуланти веќе функционираат. Имавме реконструкцијата на амбулантата за интерно, на детско, и ред други реконсткруции на посточеките амбуланти, дијабет, кожно, нервно одделение и слично-нагласи тој.

Тој посочи дека за оваа година е планирана и набавка на апарат за анестезија, четири екг апарати и три ехо апарати. Додаде дека во иднина очекуваат доекипирање на персоналот.

 

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)