Нови казни за неносење маска во нашиот град

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (18.04/19.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 110 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни пријави, најмногу се во Куманово 74, во Крива Паланка 23 и во Кратово 13.

За нив, како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период не се евидентирани непочитувања на забраната за движење.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)