Нови садници на улицата „Братство и Единство“

Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово садат нов дрворед покрај улицата „Братство и Единство“ во Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Во моментов на локацијата се сади јасен.

Изминатиов период екипите од „Чистата и Зеленило“ насадија зимзелени садници кои претставуваат звучна изолација и го штитат воздухот од издувните гасови од автопатот Куманово-Табановце кај зградите кај поранешен Монопол. Од претпријатието повикаа граѓаните совесно да се однесуваат, потсетувајќи дека дел од садниците на дрворедите и кај градскиот стадион и во населбата Карпош ги уништија несовесни граѓани.

Коментари

коментар(и)