Нови согласности за вработувања во „Ангел Шајче“

Јавната установа „Ангел Шајче “ доби согласност  за 43 вработувања од министерството за труд и социјална политика . Поголемиот дел од нив се старо- нови вработувања, односно решавање на статусот на кадар кој што веќе работи во градинката , но на определено време, а останатите места ќе бидат пополнети со нововработени ,  информираше денеска директорката Марина Алексовска, потенцирајќи дека и во текот на месец јануари извршиле прием на 16 старо- нови вработувања за кои согласност  добиле  на 04 август минатата година.

-Би сакала да изразам голема благодарност до министерството за труд и социјална политика, кое со поддршка на Владата обезбедија согласност и во буџетот средства за решавање на статусот на овие вработени, меѓутоа ваква е состојбата за сите градинки на ниво на државата, каде што статусот на овие луѓе се решава, но ќе има и нови вработувања, изјави Марина Алексовска, директор на детска градинка „ Ангел Шајче “

Освен вработувањата, вели Алексовска, во завршна фаза е и тендерот за поставување на грејни тела во преадаптираниот дел од Центарот за детско творештво во градинка,  така што најдоцна за месец  ипол треба се планира  да започнат со работа две градински и една јаслена група во т.н. Пионерски дом. Но, постои можност и целиот објект да биде претворен во градинка.

-Тоа е и планот на нашето министерство така да целиот овој објект се преадаптира во градинка , каде што на горниот кат ќе биде бидат ставени јаслените и малите групи согласно правилникот и стандардите за детска заштита,  а на првиот кат децата од поголемите групи и училишните групи. Имаме иницијатива доставена до министерствтоо за труд и социјална политика за доградба на две простории кои конкретно ќе се однесуваат за децат од албанска етничка заедница, една јаслена хетерогена група и една градинска хетерогена група во објектот синоличка кај градскиот стадион. Во тек е процедурата , ќе видиме што  и како, тоа се големи капитални инвестиции, преадаптацијата на пионерски и доградба на овие две групи, изјави Алексовска.

За неполн месец како што посочува директорката на „ Ангел Шајче “ во рамките на градинката ќе започне да функционира уште една група во рурална средина , односно во општината Старо Нагоричане, во просториите на основното училиште во Младо Нагоричане.

– Направена е меѓуопштинска соработка помеѓу двете општини Старо Нагоричане и Куманово , така што и тој простор целосно е преуреден и очекуваме процедурите да бидат завршени и во март да се започне со работа. Има голем интерес од жителите на Старо Нагоричане, сепак убаво е и би порачала општината да си направи уште една група да можат да си функционираат како посебна градинка, а не во склоп на „Ангел Шајче“.

Иако проектираниот капацитет на јавната установа е 1044, запишани се 1874 деца , а на листата на чекање се околу 700 дечиња. Бидејќи овој проблем се провлекува со години, повеќе од потребно е проширување на капацитетите, но и нови вработувања иако стручната служба и воспитно-згрижувачкиот персонал вложуваат максимални напори децата да добиваат квалитетна воспитно- образовна работа и услуга од установата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)