Новогодишен и божиќен концерт на градскиот детски хор

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ викендов градскиот детски хор одржа новогодишен и божиќен концерт. Граѓаните имаа можност да слушнат неколку композиции меѓу кои Болен ми лежи Миле Поп Јорданов, Се посврши сербес Донка, Кој да ми запее, Тажна љубов, среќна песна, Еуфорија, Мерси и други. Кумановскиот детски хор активно функционира под диригентската палка на Милена Строимановска, а Марко Митковски корепетитор.

-Хорот веќе постои 3 години со него работиме јас како диригент Милена и мојот брат Марко корепетитор. Салата беше преполна како што можевте да видите-нагласи Строимановска.

Членовите на хорот, истакнаа дека им претставува задоволство што пред кумановци можат да покажат што сработиле. Новогодишниот и божиќен концерт на градскиот детски хор се одржа под покровителство на првиот човек на градот, Зоран Дамјановски и Советот на Општина Куманово, а во соработка со Центарот за култура Трајко Прокопиев и Фондацијата за спорт и култура.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)