Новогодишен коктел на ВМРО-ДПМНЕ

Новогодишен коктел за своите членови, симпатизери и пријатели синоќа организираше општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Пред присутните се обрати претседателот на партијата, Драган Петковски кој ги поздрави гостите и им посака среќни празници. Нагласи дека идната година партијата ќе посвети најмногу внимание на изборите, кои се закажани за април.

-Ги поминуваме последните часови од оваа 2015 година, година која на сите нас во Куманово ќе ни остане доживотно во сеќавање и ќе сакаме никогаш повеќе да не се повтори. Меѓутоа ова е и година во која сите ние кумановци покажавме доблест, храброст, цврстина да останеме единствени со гордост пред сите можеме да изјавиме дека ние сме кумановци. Во наредната 2016 година во име на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ и сите членови на ВМРО ДПМНЕ, на сите наши граѓани на Куманово би им посакал пред се здравје, среќа, благодет на сите полиња да си ги остварат сите свои желби како на приватен така и на професионален план-изјави Петковски.

Пратеникот Зоран Ѓорѓиевски истакна дека 2015 беше година на турбуленции, политичка криза, во која како што вели парламентарното малцинство го малтретирало и условувало мнозинството.

-Македонија поминала низ многу турбуленции, проблеми во своето постоење такашто оваа работа ќе има своја завршница, тоа се предвремените избори во април, а последниот збор ќе го даде народото. На овој коктел сега што го организира ВМРО-ДПМНЕ за своето членство би посакал пред се здравје на сите граѓани на Република Македонија и пошироко бидејќи здравјето е најголемото богатство само здравите луѓе се радуваат, побргу оздравување на оние кои се болни и многу среќа во 2016 година за која имаме најави дека ќе биде многу потурбулентна и потешка од оваа што веќе ја испраќаме –нагласи тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им ги честитаа претстојните празници и им посакаа здравје, успех и среќа.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)