Новогодишен музички хепенинг

На Градскиот плоштад утре ќе се одржи новогодишен хепенинг, со различни видови музика за сите генерации. Програмата која се состои од три дела ќе започне во 11 часот. Најмладите ќе ги забавува Дедо мраз, градоначалникот ќе им ги честита празниците на граѓани, а потоа ќе следуваа блок со народна и рок музика.

-Ќе имаме навистина богата програма почнувајќи со танцовиот спортски клуб Мерлин кој ќе има програма, Дедо мраз ќе биде аниматор, ќе понуди убава програма за младите, децата со посебни потреби од Порака наша и дневниот центар, градскиот детски хор -изјави Нино Величковски од Фондацијата за култура и спорт.

Во блокот на народна музика ќе настапат Наши тамбураши, Челик бенд и групата Бисери, а  граѓаните ќе можат да уживаат во песните на Нино Величковски, Маргица Антевска, Тања Јовановска и Боби Амадеус. Величковски истакна дека сакаат да им дадат можност и на кумановските пејачи и групи, кои се многу талентирани.

-Во третиот дел забавната програма ќе настапат познати градски рок групи. После 17 часот би била таа програма.  Ќе настапи Мартинијан Кириловски, Фуснота бенд со Емилија Дичковска и други -истакна тој.

За новогодишната програма општината ќе потроши 120.000 денари. Тие се надеваат дека овој тип на програма ќе стане традиционален, бидејќи по 8 години нема да се организира прослава за новогодишната ноќ. Надлежните се одлучија на овој чекор зашто искуството од претходните години покажало дека сосема мал број граѓани излегуваат на Градскиот плоштад.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)