Новогодишен хепенинг за сите генерации

„Наши тамбураши“ со Нино Величковски, Маргица Антевска, Мартинијан Кириловски се само дел од богатата новодишна програма што ја организираат Фондацијата за култура и спорт и Секторот за култура и спорт при општина Куманово. 12 часовниот новогодишен хепенинг ќе се одржи на 30 декемри со почеток во 11 часот. Целокупната програма ќе се состои од три дела. Најмладите ќе ги забавува Дедо Мраз, напладне градоначалникот ќе им ги честита празниците на граѓаните, потоа ќе следува блок со народна музика, а после 17 часот кумановци ќе ги забавуваат 5 рок групи.

– Ќе имаме богата програма почнувајќи со танцовиот клуб Мерлин, кој има програма скоро час ипол, неизбежниот Дедо Мраз ќе биде анимато  или Баба Дима ќе понуди убава програма за младите, децата со посебни потреби од „Порака наша“  и од Дневниот центар „Гледај ме со срце “ ќе биде насловен делот што ќе ги презентираат, градскиот детски хор „Куманово“ кој веќе има две години стаж, и детскиот хор при ОУ„ Јероним Де Рада“ , на крајот на детската програма ќе настапи Мартија Станојковиќ од пинковите ѕвездички, со мини програма од неколку песни , изјави Нино Величковски, директор на Фондација за култура и спорт

Секторот за култура и спорт ги повикува родителите да ги донесат своите деца на градскиот плоштад за да го пречекаат Дедо Мраз и да го проследат првиот дел од програмата наменет токму за нив.  

– Досега основните училишта работеа на тој ден кога ја организиравме програмата за најмладите , оваа година наставата ќе заврши на 29 декември сакам да упатам еден апел до родителите на децата да ги донесат на плоштад бидејќи навистина програмата ќе биде интересна, изјави Цоки Ристовски, Сектор за култура и спорт

Во делот на народната музика  ќе настапат тамбурашкиот оркестар Наши тамбураши, Челик бенд и групата Бисери, а  кога станува збор за естрадни уметници граѓаните ќе можат да уживаат во песните на Нино Величковски, Маргица Антевска, Тања Јовановска и Боби Амадеус. Околу 17 часот ќе започне  третиот дел од хепенингот со настап на забавни и рок групи, Мартинијан Кириловски, Акрепат бенд, Конкрит џангл, Мадара, бендот Фуснота и Емилија Дичковска.

За новогодишната програма општината ќе потроши 120.000 денари. Надлежните се надеваат дека ваков тип на новогодишна програма ќе стане традиционална.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)