Новогодишната ноќ помина мирно

Новогодишната ноќ во Куманово помина мирно. Според информациите на СВР Куманово не е забележано нарушување на јавниот ред и мир во градот.  

На интерното одделение се примени две машки лица под дејство на алкохол, кои имале 19 години. По укажаната медицинска помош, тие се пуштени на домашно лекување. Главната сестра, Љупка Стојчевска информираше дека освен овие две машки лица, на нивното одделение нема други интервенции, само редовни прегледи.

Од хируршко одделение информираа дека кај нив се примени две млади машки лица, кај кои се забележани телесни повреди на главата, кои ги здобиле при тепачка во кафеана.  

Од Итната помош посочија дека ноќта поминала мирно, со вообичаени активности,  кои не се дел од новогодишните прослави.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)