Новогодишна елка на градскиот плоштад

Новогодишна елка со висина од девет метри е поставена на градскиот плоштад. Надлежните од јавното претпријатие „Куманово -паркинг “ информираат дека започнува новогодишното украсување на градот. „Елката е поставена вчера попладне, а деновиве ќе бидат украсени градските плоштади, булеварите и дел од улиците во централното градско подрачје“, рече директорот на „Куманово –паркинг“, Фадиљ Шабани. Воедно, директорот апелира до граѓаните да не се оштетуваат украсите и осветлувањето.

– Украсувањето ќе биде слично како последните три -четири години , поради тоа што финансиски средства се толку предвидени. За оваа година се превидени се околу 1.396.395 денари. Тоа е износот за новогодишно украсување, но Вие знаете дека други градови доделуваат речиси десетпати повеќе од Општина Куманово. Ние сме лимитирани со тие средства, но буџетот на Општина Куманово толку одвојува за новогодишно украсување и ние само го спроведуваме тоа што општината го одвоила од буџетот. И оваа година, како и минатата година ќе бидат украсени двата градски плоштада, булеварите  „Трета МУБ“ , „Октомвриска револуција“  и улиците „Доне Божинов“ и „11 Октомври“. Апел до сите граѓани по можност да не ги оштетуваат бидејќи имаме лошо искуство од минатите години, но се надеваме дека оваа година нема да има проблем, изјави Фадиљ Шабани, директор на ЈП „Куманово-паркинг“

Новогодишното украсување ќе трае еден месец, односно до 15-ти јануари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)