Новогодишни тезги на плоштадот

Новогодишните  тезги од утре официјално ќе започнат да се поставуваат на плоштадот кај центарот за култура  и покрај тоа што неколку диво поставени импровизирани тезги веќе работат. Според надлежните, граѓаните годинава не се многу заинтересирани за закуп на тезга. Иако општината располага со 29 тезги, за почеток ќе бидат поставени 15 од причина што само 4 барања за закуп пристигнале до секторот за урбанизам.

-Ќе видиме доколку има потреба и заинтересираност од страна на граѓаните ќе бидат дополнително поставени останатите тезги, тоа ќе бидат унифицирани тезги -куќички коишто се складирани во јавното претпријатие „Водовод“  така што истите ќе бидат изложени уште утре, изјави Лидија Ланг Спасовска, началник на Сектор за урбанизам

Надлежните посочуваат дека граѓаните кои досега ги земале под закуп новогодишните тезги во најголем број не сакале да ја платат закупнината.

-Општина Куманово по тој основ зема закуп на градежно изградено земјиште меѓутоа точната  сума не можам да кажам бидејќи се зависи од квадратурата која што ја запоседнува барателот на поставување на тезга, повеќето граѓани не ги плаќаат тезгите, земаат тезги под закуп се пуштаат барања, им се доставуваат и кога ќе дојде време да се врши наплата едноставно не може да се изврши. Едноставно се даваат до сите наши надлежни институции за санкционирање, блокирање на сметки, меѓутоа како се одвива тој процес во денешните услови претпоставувате е многу тешко, изјави Лидија Ланг Спасовска, началник на Сектор за урбанизам

Тезгите на плоштадот  ќе останат до 15 јануари. Како и секогаш на нив може да се најдат различни новогодишни украси, елки, лампиони, светилки, честитики и многу други дребулии.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)