Новороденче фрлено во корпа за отпадоци

Студентка од Скопје се породила во тоалет на граничниот премин Табановце, со заби ја прегризела папочната врвца на новороденчето, и без никаква совест и мајчинска грижа живото дете го фрлила во корпа за отпадоци и продолжила на апсолвентска екскурзија во Чешка Република. 23 годишната девојка која што веќе била во поодмината бременост односно во седмиот или осмиот месец ,а за која што никој не знаел ниту пак постојат податоци дека претходно била лекарски контролирана, додека чекала за пасошка контрола, почувствувала силни болки во пределот на стомакот по што се упатила во тоалетот во административната зграда на царинската управа на Табановце и без ничија помош се породила. Пријавената го зела бебето и го ставила во корпата за отпадоци. По породувањето се вратила во автобусот и продолжила со патувањето.

Новороденчето во корпата за отпадоци било забележано утредента од персоналот на граничниот премин Табановце, по што случајот е пријавен во Секторот за внатрешни работи Куманово.

По интензина истрага контактирано е со организаторите на екскурзијата, а скопјанката на 30.03.2016 е однесена во Гинеколошка клиника во Прага, при што и е укажана лекарска помош. По завршувањето на екскурзијата на 18 април годинава  на граничен премин таа е приведена од страна на полициски службеник и е однесена на дополнителни медицински вештачења, велат од МВР.

Според извори од истрагата е констатирано дека без оглед на тоа што бебето предвреме било родено, тоа би преживеало доколку било родено и третирано во соодветни болнички услови.

Скопјанката ќе одговара поради  основано сомнение дека сторила кривично дело „Убиство на дете при пораѓање“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)