Нов лик ќе добие големата сала во Комитет

Големата сала во зградата на поранешен Комитет ќе добие нов лик, до 11-ти ноември, Денот на ослободување на Куманово.  Деновиве забрзано се работи на реконстукцијата на салата, која треба да биде уредена според највисоки стандарди. Средствата се обезбедени преку проектот на Центарот за развој на Североисточниот плански регион во вкупен износ од 2 милиони и 400 илјади денари. И Советот на општината, на наредната седница треба да донесе одлука за 370 илјади денари, кои се наменети за реконструкцијата.

-Веруваме дека истата ќе добие еден модерен и современ лик и воедно верувам дека во иднина советот на општина куманово ќе може во оваа сала да ги одржува своите состаноци воедно да ги направи седниците на советот уште појавни и потранспаренти за јавноста. Знаете дека до сега при одржување на самите состаноци во оваа сала каде што сме сместени во моментот сме ограничени со определен број  на места за седење и во многу случаи немаме можност да ја отвориме седницата за присуство на граѓаните-изјави претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Освен салата која ќе добие нов лик и галеријата ќе биде оспособена и ќе може да ја користат медиумите. Инаку веќе 12 години седниците на советот на општина куманово се одржуваат во кружната сала во Комитет. Во новата сала освен седници на советот, ќе се одржуваат и промоции на поголеми настани кои што се значајни за североисточниот плански регион.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)