Нов продажен салон на Телекабел

Нов продажен и изложбен салон на Телекабел во строгиот центар на Куманово. Мобилниот оператор Телекабел или новата мрежа 074 е раширен на територијата на цела Македонија, меѓутоа главен застапник за нивните услуги во североисточниот регион, Куманово, Кратово и Крива Паланка е кабелскиот оператор Мултимедија – нет. Отворањето на новиот салон значи подостапни услуги и полесно информирање на нашите сограѓани за сите пакети кои што се нудат, а секако и полесна можност да потпишат нови договори. 

-Веќе извесен период кабелскиот оператор Мултимедијанет е главен застапник на новиот мобилен оператор Телекабел во Куманово. Денеска во Куманово свечено е пуштен во употреба новиот изложбен салон Телекабел во кој нашите сограѓани ќе имаат можност да се информираат за понудите, за договорите и за сите останати услуги, изјави Мартина Додевска.  

Освен во новоотворениот салон, граѓаните можат и понатаму да потпишуваат договори и на останатите продажни места кои што им беа достапни досега, на улица „Лесковачка“  и  улица „100“  .

Што значи нов договор во Телекабел? Станува збор за поволни необврзувачки пакети во кои што има вклучено голема минутажа на бесплатни разговори и секако интернет кој е сосема задоволителен за потребите на младите пред се, меѓутоа и за оние од постарата генерација. Мрежата е стабилна, веќе се достапни во целата држава.

Со оваа понуда веќе може да се каже дека кабелскиот оператор Мултимедија – нет ги има сите четири услуги во својата понуда кои што се вообичаени за кабелските оператори, кабелска телевизија, интернет, фиксна телефонија и сега веќе мобилна телефонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)