Нов проект за учество на жените во политиката

Јавно и политичко учество на жените Ромки е проектот кој што беше промовиран  денеска од  партнерските организации ДАЈА  од Куманово и КХАМ од Делчево. Претседателката на Даја, Дилбера Камберовска  вели дека и покрај тоа што повеќе години невладината организација работела на кампања за политичко јакнење на жената ромка и за нејзино поголемо учество, сепак  жената Ромка не е доволно вклучена во политиката.

-Има одреден процент но не е доволен , има жени што се вклучени во политиката , но тоа е многу мал процент и за тоа продолжуваме со оваа работа , покрај тоа што сакаме да бидат вклучени жените ромки во политиката ние исто така се залагаме да бидат вклучени во институциите , на повисоки работни места и позиции, изјави Дилбера Камберовска, од ДАЈА ,Куманово

Во проектот ќе бидат  опфатени општините  во кои што има најголем процент ромско население, меѓу нив Куманово, Делчево, Гостивар и Штип. Главната активност во проектот ќе биде истражување кое што ќе го врши посебна проектантска односно истражувачка куќа, а треба да биде завршено до крајот на летово, велат надлежните, изјави  Зекир Абдулов од  КХАМ ,Делчево

Проектот ќе трае две години а е финансиран од Европската унија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)