НРЦ: Може да се појави недостиг на акушери

Доколку итно не се преземат одредени мерки државата наскоро може да остане без професионални акушери, покажува најновата анализа на Националниот ромски центар, која е во рамки на проектот Унапредување на достапноста до здравствената заштита на жените Ромки-Рана превенција-спасува животи. НРЦ преку длабински интервјуа, фокус групи и различни истражувања откри дека има потреба за зајакнување на улогата на акушерките во постоечкиот здравствен систем на Македонија.

-Она што го заклучивме од нашата анализа е дека има многу слабости кои постојат во моментов во оваа професија во Македонија и ова се податоци земени во соработка со луѓе кои работат професионално на ова поле гинеколози, акушерки, фокус групи во болници Куманово и Кочани каде видовме дека како што поминува времето акушерската професија го намалува бројот на луѓе, професионалци кои навистина можат да работат на овој план и да пружат професионална нега на сите жени кои се породуваат- изјхави  Себихана Скендеровска, проектен координатор

Националниот ромски центар смета дека за надминување на овој проблем  што поскоро треба да се донесе законот за медицински сестри и акушерки, да се формира совет кој ќе функционира како регулаторно тело и да се воведе уште едно ниво на регулација кое ќе се активира во случај на немил настан по примерот на Велика Британија.

– Да се донесе соодветна регулација на професијата и да се воспостават потребните стандарди која ќе ги вклучува сите професионални кадри, да се формира силно професионална асоцијација, да се креира јавно достапен регистар на сите дипломирани акушерки, да се организираат дополнителни обуки на гинеколзи и акушерки и да се зголеми процентот на практична настава наспроти теоретската со тоа што практичната обука да ја вршат искусни кадри-додаде Скендеровска.

Според НРЦ би требало повторно да се воведе и акушерската насока во средните медициски училишта, а матичните гинеколози да вработуваат минимум една медицинска сестра со завршена насока акушерство. Препораките заедно со студијата ќе бидат доставени до Министерството за здравство и Здружението за медицински сестри и акушерки.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)