НРЦ со препораки за 7-ми април

„Универзално здравје за сите, за еднакво и партиципативно општество за сите само така ќе можеме да ги смениме наративите. Еднаквост за сите без предрасуди, стероетипи и без дискриминација. Здравје за сите! “ е пораката на Националниот ромски центар по повод светскиот ден на здравјето,  7 -ми Април.

Светската здравствена организација годинава Светскиот ден на здравјето го посветува на универзалната здравствена покриеност , под мотото „ Здравје за сите“. Но, и покрај глобалните  заложби, за жал во нашата држава се уште се соочуваме со големи разлики во пристапот до здравствената заштита и здравствените  услуги особено кај луѓето кои живеат во сиромаштија. Над 20% од младото работоспособното население  во нашата држава на возраст од 15 – 24 години се невработени, истакна на прес-конференцијата Себихана Скендеровска од НРЦ.

-Нашето истражување под наслов „Најчесто користени здравствени услуги услуги кај жените Ромки во репродуктивен период на примарно ниво на здравствена заштита во Р.Македонија“ покажа дека најчестата бариера кај невработените жени е финансиската не можност да се плати партиципацијата, но и да се купи потребната терапија. Во аптеките уште во првите денови од месецот нема лекови кои можат да се земат на трошок на Фондот. Луѓе со хронични заболувања се принудени да купат терапија на сопствен трошок.  Се соочуваме со постојани измени на закони и регулативи кои не се познати на населението, податок кој го покажува и истражувањето, изјави Себихана Скендеровска од НРЦ.

Националниот ромски центар има неколку препораки што се однесуваат на годинашново мото на светскиот ден на здравјето.

-Еднаков пристап за сите до здравствени услуги за сите граѓани во државата, со особен акцент на Ромките и сите жени кои се соочуваат со економски потешкотии,

-креирање на здравствени политики кои ќе ги таргетираат жените и децата, со посебен акцент на жените кои се соочуваат со повеќестепена дискриминација,

-пристап до здравствено осигурување за сите,

-ефективна реализација на здравствените услуги од примарна здравствена заштита планирани како дел од пакетот услуги на матичните лекари,  како и  здравствените услуги опфатени во превентивните програми на министерството за здравство 

-еднаква  распределба на потребниот здравствен кадар во сите региони,

-таргетирано инвестирање во медицинското образование и специјализирање на профили кои се дефицитарни,

-дефинирање на транспарентен и јасен пакет на сите здравствени услуги кои ги покрива фондот,

-мониторинг на искористеноста на здравствените услуги кои се даваат на примарно ниво на здравствена заштита,

-еднаков пристап до лекови за сите подеднакво, базирано на потребите и специфичностите на секој поединец имајќи ја предвид економската ситуација на граѓаните.

Правото на здравје е опфатено во повеќе меѓународни документи

Универзална Декларација за човекови права ( 1948); Интернационална Конвенција за граѓански и политички права ( 1966); Интернационална Конвенција за економски, социјални и културни права (1966); Европска Конвенција за човекови права и фундаментални слободи (1950); и Европска социјална Повелба ( 1961).

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)