НРЦ со проект „Рана превенција-спасува животи“

„Рана превенција-спасува животи“ е насловот на проектот, односно кампањата за подигнување на свеста и значењето на навремена и достапна антенатална и рана постпартална заштита за сите бремени жени, кој започна да го спроведува Националниот ромски центар. Проектот има за цел да го подобри репродуктивното здравје на Ромките и социјално загрозените жени, односно да ја намали доеничката и матерналната смртност. Координаторот на здравствената програма во НРЦ, Себихана Скендеровска истакна дека со информативната кампања ќе се подигне свеста на заедницата за предизвиците, предностите и новите законски измени во здравството.

-Второто ниво на кое што ќе работиме е работа во заедницата но преку работилници каде што ромките ќе бидат едуцирани за своите здравствени права но исто така и ќе бидат едуцирани за одредени перинатални постпартални здравствени услуги и знаења кои треба да ги знаат. Трето ниво ќе биде застапување, тоа ќе се однесува и на акушерската нега онаа што НРЦ и на репродуктивното здравје она што планираме да го направиме една кратка анализа каде ќе се согледа реалната ситуација на акушерството во РМ-изјави таа.

Во активностите на НРЦ ќе бидат опфатени 70 жени од Куманово и Кочани, а информативната кампања ќе се однесува на 500 припаднички на понежниот пол од државата.

-Ќе соработуваме со сите релевантни институции кои се задолжени за давање на услуги за подобрување на ситуацијата во овој период. Проектот е предвидено да трае до ноември 2016 година-додаде таа.

Проектот се спроведува во партнерство со Ромската здравствена програма од Будимпешта и Фондацијата отворено општество Македонија.

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)