НРЦ со форум театар „Моето здравје-мое право“

Националниот ромски центар денеска организираше форум театар насловен „Моето здравје-мое право“, во рамки на проектот „Менување на наративите за Ромите во здравствените институции“, а финансиран од Фондација отворено општество Македонија. Координаторот на проектот Елес Елезовски, истакна дека регистраирале случаи на дискриминација на Ромите во здравствените институции.

-Преку овој форум театар нашата цел беше да споделиме како една случка на која се сеќаваат младите Роми во здравствените институции со цел отворање на дискусии за наоѓање решенија за поефикасна услуга од здравствените работници и нормално пристапот на Ромите кон здравствените институции. Ова беа дел од вкупните активности кои ги содржи овој проект во времетрање од 11 месеци. Имавме вкупно девет работилници, од кои беа за креативно пишување, креативно видео и форум театар-истакна тој.

Во рамки на проектот се изработени и три креативни видеа во кои учествувале млади од 17 до 23 години, и кои активно се вклучиле во изнаоѓање решенија и намалување на предрасудите и стереотипите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)