НСДП: Да избереме претседател кој ќе служи на државата

Овие избори се многу важни за нашата држава, бидејќи се бира претседател кој вистински ќе служи на државата, а не како претходниот кој служеше само на политичка партија, истакна Благојче Јакимовиќ од НСДП, повикувајќи ги кумановци да дадат поддршка на Стево Пендаровски.

-НСДП во Македонија опстојува повеќе години на политичката сцена. Нашата држава е обликувана од различни култури, вредности и интереси, како лево ориентирана партија, сакаме, се трудиме и настојуваме овие различности да ги интегрираме врз основа на нашите базични принципи. Водени од идејата и желбата за создавање на подобри услови за живот на секој граѓанин, во општество со еднакви можности за сите, подобрување на социјалната економската состојба во државата, учествуваме во сите изборни процеси, во сите активности и реформи кон постигување на оваа цел. И не застануваме тука, водени од слоганот силно и чесно продолжуваме понатаму. Овие избори се многу важни за нашата држава бидејќи се бира претседател кој вистински ќе служи на државата, а не како претходниот кој служеше само на политичка партија. Затоа почитувани членови и симпатизери на НСДП, почитувани кумановци ве повикувам масовно на 21-ви април да излезете масовно да заокружите број 3, за Стево Пендаровски-истакна тој.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)