НСДП Куманово избира ново партиско раководство

Нова социјалдемократска партија ги поканува симпатизерите на партијата во среда во Занаетчискиот дом, со почеток во 18.30 часот, на четвртата општинска изборна конференција.

На оваа конференцијата ќе се изврши избор на новото општинско раководство, односно ќе биде извршен избор на членови на Надзорен одбор Извршен одбор и Претседател на општинската организација.

Најавено е присуство на претседателот на НСДП, Тито Петковски, потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, министерот без ресор во Владата, Зорица Апостоловска и други гости.

Новоизбраните органи ќе раководат со општинската организација во наредните четири години.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)