Обединетата српска заедница го одбележа Св. Сава

Со богата културно уметничка програма празникот Свети Сава синоќа беше одбележат и во младинскиот културен центар Козјак. Настанот го организираше Обединетата српска заедница во Куманово. На одбележувањето присустуваше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пратениците Лидија Тасевска и Мирослав Јовановиќ, претставници од локалната власт од Куманово и Старо Нагоричане, како и гости од Република Србија.

-Оваа вечер ја посветуваме на големиот Свети Сава, духовник писател, државник, основачот на српската православна црква и нејзината афтокефалност 219 година а воедно да кажам дека наредната година прославуваме 8 векови од нејзината самостојност-истакна Часлав Јовановиќ, претседател на ОСЗ во Куманово.

Манифестацијата ја збогатија настапите на учениците од основното училиште „Вук Караџиќ“ со хорот и драмската секција, како и културно-уметничкото друштво „Карпош“ од Старо Нагоричане.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)