Обезбедени средства за проекти во Умин дол и Горно Којнаре

Со 64.000 евра од британската амбасада, кои ги обезбеди Македонскиот центар за меѓународна соработка, ќе се решаваат инфраструктури проблеми во селата Умин дол и Горно Којнаре. Жителите на овие две месни заедници ќе имаат можност во наредните два месеци, поточно на три сесии да дискутират, предлагаат  решенија и на крај да одлучат кој проблем е приоритет за нивното село. Тие ќе расправаат за локални патишта, улично осветлување, спортски терени, канализациона и водоводна мрежа и училишта.

-Предложени беа две општини, Куманово и Липково, и врз основа на конкурс општините аплицираа со неколку месни заедници кои потоа беа избрани, две од нив се Умин Дол и село Горно Којнаре. Земени беа повеќе фактори при изборот, она што беше важно е дека при интервјуата и анализата на прашалниците овие две села имаа најмногу елаборирано за приритетите и потребите така што Умин дол е едно од избраните села-изјави Димче Митрески, извршен директор  на МЦМС.

Избраниот инфраструктурен проблем, треба да биде решен до март наредната година. Секретарот на Општина Куманово, Валентина Алексовска е задоволна од проектот кој ќе ги вклучи мештаните на транспарентен начин да одлучат за нивните потреби.

-Доколку има нешто што може да се реализира а сигурно дека според заинтересираноста на самите жители во оваа месна заедница и определување на самите желби што треба во самата месна заедница да се вложи тие ќе видат што всушност е реално, да се оствари. Тогаш приоритет ќе се даде не остварлив проект, доколку има потреба или недостиг од финансиски средства тогаш локалната самоуправа во својот буџет ќе определи кофинансирање на овој проект што ќе се определи од самите граѓани на месната заедница односно селото Умин дол-наведе Алексовска.

Од МЦМС сметаат дека проектот ќе  помогне во развој на месните заедници, а мештаните ќе имаат можност да ги развијат капацитетите за учество во носење одлуки на локално ниво.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)