Обештетени околу 900 кумановски стечајци

896 стечајни работници од Куманово досега се опфатени со измените и дополнувањата на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. На ниво на државата обештетени се 10.000 стечајци односно толку луѓе веќе земаат паричен надоместок од државата  во висина од 7.800 денари. Претседателката на здружението УНИТ, Лилјана Георгиевска е задоволна од досега постигнатото, но најавува уште една дополна на Законот за стечајци со која што, според нејзините проценки,  ќе бидат опфатени од 400 до 500 стечајни работници од Куманово.

-Во средина на февруари месец или почеток на март месец зависно од претседателските избори ќе се излезе со уште една дополна на законот каде што нема да има матични броеви кои што им правеа проблеми на стечајците од Житомел, Кожара, ЗИК –сточарство и други фирми.  Донесовме одлука со министерството да се згрижат оние кои што се највозрасни лица, кои што не се веќе способни за работа така што ја зголемивме старосната граница на 57 години за жени и 59 години за мажи. Имаме прилив од Чик кои што оставаа работа за да го земаат овој надоместок така што се договоривме да излеземе во пресрет на оние што се најзагрозени,  што повеќе од 10 години одеа по улици и што веќе не се способни да работат . Тоа е старо членство на УНИТ и не беа опфатени со овие дополнувања , така што со новата дополна ќе бидат опфатени, изјави Лилјана Георгиевска, претсeдател на Здружение на стечајни работници  „УНИТ “ Куманово

Георгиевска објаснува дека со новата дополна на законот,  стечајните работници треба да исполнуваат еден нов услов , последниве пет години да не биле вработени.

-Ставивме и една клаузула пет години минимум, односно  пет години да не билe во работен однос за да немаме прилив да напуштаат работа. Сега се среќаваме со работодавачите од чевларските и кожарските фирми, веќе реагираат зашто работниците оставаат работа во фирмите,  така што ставивме пет години минимум да не е во работен однос. И мора да нагласам дека го вративме законот од 1993-та  да важи, што е многу битно, оние што работеле до 1993-та година што не можеа да бидат обештетени, сега ќе бидат обештетени, изјави Георгиевска.

Доколку се изгласа уште едно дополнение на законот, бројката на стечајните работници од Куманово кои што ќе земаат паричен надоместок ќе достигне 1.300.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)