Обид за обљуба во касарната „Боро Менков“

-На 19 ноември годинава во 19.20 часот во СВР Куманово, вработена во АРМ пријавила дека претходниот ден  околу 13.00 часот во касарната „Боро Менков“ во Куманово нејзин колега се обидел да изврши обљуба над неа. Известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

-Министерството за одбрана најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување. Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже министерството ќе има нулта толеранција. Никој не смее да помисли да ги вознемирува припадничките на Армијата и да го намалува угледот на Армијата, велат од Министерството за одбрана.

ЏИНГЛ 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)