Обнова на документите за трето и четврто дете

Јавната Установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово информира дека согласно Законот за заштита на децата започна со прием на барања за годишна обнова – продолжување на стекнатите права на родителски додаток за трето и четврто дете .

Прием на документите за продолжување на правото на родителски додаток за трето и четврто дете ќе трае до 31.03.2020-та година,  а потребно е,  освен барањето бр 5. да се достават следните документи:

  • Лична карта на носителот на правото на увид
  • Изјава од мајката дека не живее и не работи во странство
  • Доказ дека не и е одземено родителското право на мајката над децата од претходниот ред на раѓање-издаден од надлежниот суд
  • Доказ за вршење на задолжителните вакцинации на детето за кое се остварува правото
  • Потврда дека детето за кое се остварува правото е запишано и редовно ја следи наставата во основно училиште, издадена од установата во која е запишано

Корисниците на правото кои живеат на територија на Општина Куманово документите треба да ги достават кај стручен работник во Центарот според адресата на живеење.

Корисниците на правото кои живеат на територија на Општина Липково документите треба да ги достават во канцелариите на Службата во Општина Липково, додека корисниците на правото кои живеат на територија на Општина Старо Нагоричане документите треба да ги достават во канцеларијата на Центарот во Општина Старо Нагоричане, информира директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Александра Арсовска.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)