ОБСЕ со донација во „Порака наша“

Лап топ компјутери , донација од Мисијата на ОБСЕ во РМ денеска доби дневниот центар за интелектуална попреченост „Порака наша“. Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија во придружба на градоначалникот Максим Димитриевски ги посети корисниците на услугите на дневниот центар со цел да се запознае со условите во кои што престојуваат , но и со евентуалните потреби за континиурано функционирање на „Порака наша“.

-Со оваа донација директно се помага програмата во дневниот центар. Нашата цел е независно живеење на нашите корисници и ние планираме преку работно оспособување и користење на комјутерот како алатка ги пласираме на отворениот пазар на трудот, изјави Фросина Симоновска, дефектолог во „Порака наша “

Општина Куманово ,како и досега ќе продолжи финансиски да го поддржува дневниот центар, но за трајно решавање на проблемот потребно е системско решение , потенцира  градоначалникот Максим Димитриевски.

–Овој проект е од особено значење бидејќи ние имаме  голем број на сограѓани дури  бројката се движи околу 700 на територијата на нашата општина кај што имаме лица со интелектуална или друг вид на попреченост и воедно апелирам државата поактивно да се вклучи во изнаоѓање  на системско решение за трајно решавање на пробемот со оваа категорија на лица бидејќи истите мора инклузивно да се вклучат во процесорт на секојдневното  живеење.

Ова не прва донација за дневниот центар од Мисијата на ОБСЕ во Македонија. Пред неколку години со помош на ОБСЕ беа сменети прозорците на објектот во кој секојдневно престојува 21 лице со интелектуална попреченост.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)