Обука за безбедноста на новинарите

94 убиени новинари на светско ниво минатата година, најголем број од нив во Авганистан,  348 новинари се зад решетки, најмногу во Кина, 54 напади регистрирани од 2014-та до годинава, од кои најмногу,  дури 19 напади во 2017-та, два минатата година и три евидентирани напада од почетокот на годинава, беше посочено на денешната обука за безбедноста на новинарите. Обуката е во организација на Мисијата на ОБСЕ во Македонија и Здружението на новинарите на Македонија.

За моменталната состојба со безбедноста на новинарите говореше Маја Јовановска.

-Во последно време она што е загрижувачи се нападите на социјалните мрежи, рече Маја Јовановска, новинар  

Достапните механизами и алатки за зголемување на безбедноста на новинарите ги презентираше новинарот Мефаил Исмаили.

-Ние како новинари знаеме дека од време на време има протести или други настани за кои не може да се предвиди дали ќе бидат мирни или не, затоа прво треба да се информираме за тој настан, со колеги новинари, уредници , со претставници од МВР, рече Мефаил Исмаили, новинар

ОБСЕ , МВР и ЗНМ имаат издадено Прирачник за безбедност на новинарите за време на настани со висок ризик во кој се содржани и препораки за новинарите во случај на напад или закан, препораки за припадниците на МВР и Јавното обвинителство.

-Фудбалските натпревари, а понекогаш и сообраќајните незгоди може да бидат проблем за конфликт помеѓу полицијата и новинарите, рече Зоран Ричлиев, ОБСЕ Мисијата во Скопје

-Потпишан е Меморандум за соработка меѓу ЗНМ и МВР, со цел подобрување на соработката , рече Дениз Сулејман, проектен координатор во ЗНМ

Прирачникот , како и обуките треба да им помогнат на новинарите да ги извршуваат безбедно своите професионални задачи, преку навремено и точно информирање на граѓаните и да ја остварат својата главна цел, заштита на јавниот интерес.  

Во насока на подобрување на безбедноста на новинарите, Самостојниот синдидат на новинари и медиумски работници во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје воспостави телефонска линија со цел поддршка на новинарите и медиумските работници во случаи на уцени, закани, вербални или физички напади, онлајн напади, напади на редакции и домови на новинари.

Бројот на бесплатната телефонска линија која функционира 24/7 е 0800-11-011.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)