Обука за земјоделските производители

Сиво кафеавата дамка на пченицата,  рѓите и дамка во устите кај јачменот се најчестите болести кои последниве години ги напаѓаат житните култури и го намалуваат приносот за 30 до 40 проценти.  Вакви информации добија земјоделските производители  кои денеска ја следеа обуката „Болести и штетници кај пченица и јачменот“ која се организира во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно Фитосанитарната управа, Државниот  земјоделски инспекторат и Фитосанитарната лабораторија. Насоките како земјоделците да се справат со болестите и мерките за нивното сузбивање се содржани во две брошури, изработени од фитопатолози, професори на Земјоделскиот факултет.

-Од повеќе причини веќе пченицата и јачменот не можат да опстојат без да бидат хемиски третирани.  Веројатно од повеќе причини, но една од причините можеби како резултат  на транзицијата на производството на житните растенија кај нас кое во минатото од општествено производство премина во приватно производство. Парцелите се уситнија, производителите воглавно се индивидуални, но притоа производството се затвори во еден циклус на монокултурно одгледување. Сите сме сведоци дека пченица и јачмен знаат да се одгледувааат на една иста површина повеќе години,  а за причините може да се зборува многу долго, изјави Раде Русевски, експерт

-Двете се наменети за производите со тоа што првата содржи детален опис на економски значајните болести и штетници на пченица и јачменот но секако содржи и дел кој е фокусиран на карантинските штетни организми односно оние организми кои што се уште не се присутни во нашата земја меѓутоа можеме да очекуваме дека во некое идно вереме можеби ќе се појават, и добро е производителите да имаат претстава за овие карантински штетни организми, изјави Биљана Кузмановска, експерт

Обуката е дел од проектот„Градење на капацитетите на надлежните органи за безбедност на храна, ветеринарство и фитосанитарна политка“ , финансиран од Европската Унија.

-Кога ја биравме темата одлучивме да се фокусираме на економски значајни штетни организами, опфатена е и економската средина, а во исто време збориме и за штетни организами кои имаат влијание не само врз квалитетот на храната  туку на некој начин можат да се рефлектираат и на здравјето на човекот  и на животните, изјави  Мина Барова, тим лидер на проектот

Земјоделците признаваат дека многу малку се користат средства за заштита на житните култури.

-Штетниците можат многу да го намалат приносот.  Во последните години луѓето кои влегуваат во овој бизнис размислуваат како да дојдат до поголеми приноси, а не посветуваат внимание на заштитата. Не се битни само приносите  туку и квалитетот на зрното кое што е битно за житариците, изјави Трајан Димковски, земјоделски производител

Вакви обуки за земјоделците  ќе се организираат во сите девет региони во земјава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)