Обука за медицинските сестри во болницата

„Со вистинско лидерство и темелен менаџмент до максимално успешна болница“, е насловот на обуката за одговорни медицински сестри којa се одржа денеска во општата болница. Предавањето го држеше истакнатиот обучувач, универзитетскиот професор Лазар Ѓуров.  Тој изрази задоволство што и во период кога здравството се соочува со реални проблеми заради недостаток на ресурси, раководството на болницата покажува интерес за едукација на кадарот.

-Во болницата работат луѓе кои се стручни но во нивната едукација имале некаквa едукација во делот на менаџмент или лидерство но ова е дополнителна  нивна доедукација за да можат поуспешно да ги извршуваат своите должности. Така што навистина е прекрасно што раководството е отворено за таква едукција и денеска преку обработката на темите ќе им дадеме сознанија, насоки како тоа да го имплементираат во секојдневното функционирање за да може пациентите да бидат позадоволни и болницата да функционира успешно-посочи Ѓуров.

Од општата болница во Куманово нагласија дека и во наредниот период ќе се обидат да организираат вакви обуки.

-Се одржува предавање на тема Со успешно лидерство и темален менаџмент до максимално успешна болница, со цел подобра меѓусебна комуникација на персоналот и подобрена комуникација со пацинетите, нашите сограѓани. Во иднина доколку оствариме соработка со професорот ќе работиме на тоа да имаме се повеќе едукации, се за поуспешно здравство и поуспешна комуникација со пациентите и нашите сограѓани-изјави Валентина Стојмировиќ главна сестра во Општа болница Куманово.

Инаку ова е прва обука која што се одржува во оваа здравствена установа, а ја организира новото раководство на болницата.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)