Обука за микро и мали претпријатија

Околу петнаесетина претприемачи од североисточниот регион присуствуваа на денешната обука  за ефективна и повторлива продажба и извоз.  Обуката е во рамките на настаните за размена на искуства кои се организирани од  проектот на УСАИД  за микро и мали претпријатија. Предавачите се  искусни менаџери од бизнис заедницата на земјава.

-Поканети се сите микро и мали претпријатија кои што сакаат да растат без разлика на индустријата и без разлика дали се извозни или домашни, профитот тука не прави никаква разлика вели Елена Ангеловска, координатор на североисточен регион на проектот на УСАИД  за микро и мали претпријатија.

Досега се остварени околу седумдесетина средби чија основна цел е развој на микро и малите претпријатија преку усовршување на вештините на сопствениците. Присутните посочуваат дека активностио д ваков тип  придонесуваат за подобрување на работата на фирмите.

-Се занимаваме со производство на хтз опрема и за првпат се дружиме со УСАИД, имавме прекрасни средби од кои многу  научивме и сум задоволна, вели Лиле Петрушевска, претставник од претпријатието „Лидер Б“ од Куманово.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија  е кофинансиран од Швајцарската агенција за развој и од Швајцарската амбасада, а  имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери во Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)