Обука за младите „ Од идеја до бизнис“

Дваесетина млади до 27 години од општините Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце и Кратово  викендов  беа дел од обуката„ Од идеја до бизнис“ која се реализира во рамките на проектот„Преку младинско претприемништво до рурален развој “. Целта е да  се зголеми самодовербата и претприемачкиот дух на младите и да бидат активни чинители на промени во нивниот  живот и на промени во заедницата,  вели Дивна Јанкова од здружението Доверба кое го реализира проектот поддржан од Владата на РМ.

– Ова е една од можностите со своите бизнис планови да можат да разменат идеи меѓу себе и да понудат промени во заедницата и да добијат можност да ги реализираат своите идеи. Најважно од се е да не се остават младите креативно да не размислуваат туку да се извлече максимум од нив што се може и тоа да се прошири, изјави Дивна Јанкова, здружение „Доверба “

Според проект -координаторот Ивана Јанковска, младите преку обуката се вмрежуваат  за да  остварат контакти кои понатаму можат да ги искористат за професионална соработка со цел искористување на ресурсите кои што општините ги имаат за отворање на сопствени приватни бизниси кои потоа би можеле да се разработат и со тоа да се намали невработеноста.

-Со  своите бизнис планови и идеи би аплицирале за грантови за да можат и финансиски да бидат подржани во реализиација на истите идеи.   Потоа на крај  завршна трибина  каде што пред претприемачи и пред заинтересирани страни  ќе ги презентираат готовите бизнис планови и секако тука може да се воспостави контакт со претприемачи кои би сакале да инвестираат да направат професионална соработка да им понудат пред се помош можеби и некој контакт да им помогнат понатаму како да го изреализираат, изјави Ивана Јанковска, проект -координатор

Младите кои беа дел од обуката се надеваат дека ќе ги мотивираат и останатите млади луѓе од нивните средини кои имаат идеи да ги претворат во бизнис план.

Третиот ден од обуката на која ќе присуствуваат истите учесници ќе се одржи во сабота во општината Старо Нагориче.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)