Обука за прва помош во „Развигорче“

Со изведување показна вежба за правилно укажување на прва помош во присуство на најмладите во градинката Развигорче општинската организација на црвениот крст го одбележа светскиот ден на прва помош. Кратка обука и предавање за прва помош од страна на волонтерите на црвениот крст освен дечињата имаа и нивините воспитувачки, кои што во текот на работното време цело време се со децата. Волонтерите сметаат дека воспитувачките имаа солидно познавање на темата прва помош.  Обуката беше во организација на Клубот на млади на Општинскиот комитет на Црвениот Крст на Република Македонија, а ја спроведоа нивните волонтери.

-На децата им покажавме малку пообични повреди како што се крварење од нос, им покажавме реанимација затоа што е многу важна повреда но за нив беше интересно, како да превијат  повредено колено, што за нив сега за сега е доволно, додека подоцна на воспитувачките направивме малку пошироко предавање и обука, тие покажаа доста солидно знаење  и голем интерес за темата, изјави Магдалена Бошковска, ОО Црвен крст Куманово

Преку ваквите активности, Црвениот крст уште еднаш ја нагласува потребата од навремено и правилно укажување прва помош како вештина која спасува живот и треба да биде совладана од сите, без разлика на возраста. Инаку, традиционално  Светскиот ден на прва помош во нашата држава се одбележува секоја втора сабота во септември.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)