Обука за проекти за промоција на хумани вредности

Триесетина основци и средношколци денеска присуствуваа на предавањето за проекти за промоција на хумани вредности, кое се одржа во просториите на Црвен крст. Целта на предавањето е да се обучат младите да направат проекти за добробит на заедницата.

-Сето тоа е нивна идеа што сакаат да работат, на кого сакаат да помогнат се е за доброто на граѓаните. Се спроведуваат по три обуки. Проекти минатата година имавме изработка и поставување на мини парк во село Студена бара, односно во училиштето. Паркот беше поставен, децата, селаните беа задоволни се помина во најдобар ред имаме исто и албанско ПХВ на два јазика беше спроведено и на крај сите ученици заедно изработуваа проект за да помогнат некому-изјави Сања  Росевска, дисиминатор во Црвен крст. 

Ваквите предавање се традиционална активност на Црвениот крст на Република Македонија и се спроведуваат во сите општини во државата.  Учениците истакнаа дека секогаш со задоволство учествуваат во проекти, со кои им се помага на ранливите категории.

-Имав учествувано на прва помош, бевме и на натпревар општински, помеѓу наши школи, освоивме 4 место и сега по втор пат учествувам. Добри се проектите, така им помагаме на сирмошаните, загрозени лица, за да ги видиме насмеани и нивните лица-изјави Сара Милковска ученик во ОУ Кочо Рацин.

-Ме мотивираше тоа што ќе помогнам на натажени лица, оние кои се без дом, храна, покрив да им помогнеме колку можеме повеќе да ги видиме насмеани-додаде Марта Стефановска, ученичка во ОУ Кочо Рацин.

Предавањата за промоција на хумани вредности ќе се одржуваат до крајот на февуари, а веќе од март треба да започне нивна реализација.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)