Обуки за КПУ за сметководители

Професионален акаунт отпочнува со реализација на програмата Континуирано професионално  усовршување (КПУ) за сметководители и овластени сметководители  низ целата земја. КПУ претставува постојано стручно усовршување со цел надградување на теоретските и практичните знаења и вештини заради професионално и ефикасно вршење на сметководствените работи во согласност со Законот за вршење на сметководствени работи.

Денеска во Куманово се одржа обука во рамките на првиот циклус од обуките за КПУ предвидени за 2017-та година.

-Нашата програма ги опфаќа модулите пропишани од страна на ИСОС и истите ги реализираме во соработка со нашите врвни експерти  и обучувачи од областа на меѓународните финансиски стандарди , финансиите генерално, даноците, менаџмент вештините  и ИТ. Од почетокот на овој циклус обуки можеме да се пофалиме со неочекувано голем интерес  од страна на нашите клиенти што ни дава мотив плус како тим да работиме  во насока на унапредување  на програмата КПУМ  и да бидеме  постојано достапни  и на располагање на нашите клиенти. Во Куманово исто така интересот е повеќе од задоволителен и се надеваме на успешна и долгогодишна соработка со сметководителите  од вашиот град, изјави Ксенија Чаминска ,консултант

Основна дејност на Професинален акаунт е даночно советување, консалтинг и сметководство. Компанијата работи со мали, средни и големи домашни фирми  и компании со странски капитал , со посебен осврт на даночно советување.

Согласно Законот за вршење сметководствени работи, член 19, сметководителите се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 90 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година, додека овластените сметководители се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 120 часа за период од три години, при што најмалку 30 часа во текот на една година.
Континуираното усовршување го врши Интернационалната стопанска комора која како глобална организација е носител на акредитации и овластувања за меѓународна едукација од областа на трговија и финансии. Интернационалната стопанска комора во Македонија преку 17 реномирани и најрелевантни куќи во Република Македонија , меѓу кои и Професионален акаунт веќе спроведува  континуирано професионално усовршување.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)